ВИДЕО | Бабовски: Граѓаните јадат безбедно овошје и зеленчук

Целиот процес на работа се одвива нормално. Увозот и извозот на прехранбени продукти се одвива тековно, секако како што налага ситуацијата. Нема рестрикција на вработени, луѓето професионално си ја работат работата, изјави во Утрински брифинг Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

„Секојдневно се вршат испитувањата во маркетите, пиљарите, се врши редовна контрола и никогаш не бил бројот на мострите земен да повеќе од десет мостри имаат некави минимални количини на резидуи кои не се опасни по здравјето на луѓето. Се контролираат и магацините за чување на овошјето и зеленчукот, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети. Прометот со овошје и зеленчук дополнително се контролира во рамки на инспекциските контроли на мешовитите продавници, кои вклучуваат и трговија со овошје и зеленчук и преработки од нив.“, вели Бабовски.

„Така што одговорно тврдам дека се она што е во нормална продажба е здраво и нема потреба граѓаните да се грижат, дали внесуваат, како што напиша еден портал, отрови дома. Тоа е далеку од вистината“, изјави Бабовски.

Целиот разговор со првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот