ВИДЕО | Азири: Потегот на Заев нè изненади, но ништо не промени на политички план

Елми Азири-Алијанса за Албанците/ Фото: МИА

Со она што се случи во текот на вчерашниот ден до некаде бевме изненадени но реално не ја разбравме потребата од мнозинството да се пребројува јавно. Тоа беше визуелизација на потребата да се докаже пред јавноста дека имаат 62 пратеници односно демонстрација на некаква унификација во нивните редови затоа што претпоставувам тоа беше одговор на притисокот од јавноста и особено притисокот од опозицискиот блок дека тие преговараат со некој од пратениците од мнозинството.

Мислам дека другата страна на операцијата беше фактот од меѓусебна недоверба, односно тие се плашат меѓу себе и затоа прибегнаа кон пребројување на брзина со цел да докажат дека имаат поддршка од мнозинството. Политички не гледам некакво влијание од вчерашниот настан затоа што Уставот овозможува во моментот кога има 61 пратеник било кога повторно да може да се изгласа недоверба на Владата вели за УБ пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот