ВИДЕО | Азири: Ги разбираме нашите сограѓани Македонци – и ние се бориме за место на албанскиот јазик во Уставот

Елми Азири-Алијанса за Албанците/ Фото: МИА

Ние сѐ уште немаме одлука бидејќи се работи за исклучително важен документ кој се однесува на иднината на државата. Се надевам дека до крајот на неделата ќе донесеме одлука бидејќи и ние имаме политичка академија, имаме и научници што ќе работат на резолуцијата, па ќе видиме каков ќе биде нашиот придонес за да го надополниме овој документ за да биде посеопфатен, изјави за УБ пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири.

„Ние како Албанци потполно ги разбираме нашите сограѓани Македонци дека сакаат да се стават во одбрана на својот јазик во својот етнички идентитет, истото што ние го правиме со години наназад. И ден денеска ние се бориме за местото на албанскиот јазик во државата, во Уставот, загарантираноста во употребата на албанскиот јазик… Наша грижа се приоритетите на албанскиот народ во Македонија, претпоставувам и на сите граѓани во оваа држава, а тоа е евроинтеграцискиот процес особено затоа што ние сме зависни од ЕУ, зависни од Западот и нашата иднина ќе зависи од Европа од НАТО од САД. Она со што никако не би се согласиле е да се пролонгира и да се загрозува евроинтеграцискиот процес“, изјави за УБ пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири.

Интегралниот разговор со Азири погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот