ВИДЕО | Aвстрија и одржа лекција на Полска и ги освои првите бодови

Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Фудбалската репрезентација на Австрија одигра одличен натпревар во групата „Д“ и ја совлада Полска со 1:3 за први бодови на Европското првенство.

Австрија од својата прва посериозна шанса успеа да го отвори резултат, погоди Гернот Траунер по само девет минут иигра.

Полска првпат се закани во 18. минута кога Зелевски шутираше над австрискиот гол. Иако, Австрија во тој период беше подобра на теренот, Полска сепак дојде до изедначување по половина час игра кога најдобро во петерецот се снајде Пјонтек.

Во второто полувреме одново Австрија беше подобра и до втор гол стигна во 67. минута. Сите дилеми околу победникот беа отстранети со голот од пенал на Арнаутовиќ на десетина минути пред крајот.

Австрија во последното коло од групната фаза ќе игра против Холандија, додека Полска ја очекува натпревар против Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот