ВИДЕО: Австралија во шок откако тинејџер беше онесвестен од обезбедување бидејќи не носел маска

Вознемирувачка снимка се шири на интернет на која е прикажано како обезбедувањето влече тинејџер на под и го исфрла од објектот. Инцидендот се случил во бар во Кројдон, источниот дел од Мелбурн.

Менаџерот на хотелот во кој се наоѓа барот вели дека тинејџерот бил исфрлен надвор бидејќи се однесувал како „хулиган“, односно се искачувал по ограда за да се врати во објектот каде присутни биле и неговите пријатели.

Кога обезбедувањето забележило дека тинејџерот се враќа, се обиделе да го спречат, но тој успеал да им избега по што истрчал во барот и земал пијачка, а тогаш и ескалирала ситуацијата. 18 годишното момче за 7NEWS вели дека не се сеќава што се случило по тој момент.

На видеото се гледа како обезбедувањето го фаќа момчето, а сведоци тврдат дека тогаш и момчето било онесвестено. Тие сведочат дека останале шокирани додека гледале како се развива инцидентот.

„Сите присутни бевме збунети, прашувавме што се случува. Момчето навистина погреши, но најверојатно не заслужи таков третман“, вели сведок за телевизијата истакнувајќи „Да те фрли така некој, па и да те задави така.. одвратно беше“.

Менаџментот на хотелот засега одбива да даде коментар бидејќи полициската истрага е во тек, но оттаму потврдуваат дека телохранителот се уште е нивен вработен. Тие го оценуваат инцидентот како „несреќен“ кој би можел да биде „решен на подобар начин“.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот