ВИДЕО: Австралиците не сакаат локдаун, големи протести во Мелбурн и Сиднеј

Протести во Австралија против локдаунот/ Фото: Screenshot Twitter

Австралиската полиција утрово се соочија со стотици демонстранти кои протестираа против локдаунот во Мелбурн и Сиднеј, а земјата денеска пријави најголем број на новозаразени од Ковид-19, пренесува Гардијан. 

Полицијата во Мелбурн била принудена да ги нападнат демонстрантите за да можат да ги растргаат граѓаните. Во Сиднеј, иако имало помал број на демонстранти, полицијата морала да интервенира. 

Засега нема информации околу бројот на уапсени лица. 

Демонстрантите излегоа на улица поради новиот локдаун кој веќе трае со недели во големите градови во Австралија, а вчера беше соопштено дека тој ќе продолжи до крајот на август. 

Австралија се соочува со нов бран на Ковид, а црните бројки во земјата секојдневно растат. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот