ВИДЕО | Авионот во кој леташе Мајли Сајрус, погоден од гром: Беше страшно, но сега сме на безбедно

Мајли Сајрус/Инстаграм
Мајли Сајрус/Инстаграм

Авион во кој удрил гром, а во него летала пејачката Мајли Сајрус морал принудно да слета.

Пејачката која леташе за Асунсион во Парагвај заедно со своето семејство, екипата и бендот за да настапи на последниот концерт од својата јужноамериканска турнеја, авионот во кој беше го зафатил бура и морал принудно да слета. Во видеото кое пејачката го сподели на својот инстаграм профил, објасни како се случил шокантниот момент, кога авионот бил погоден од гром.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

На снимката можат да се слушнат и извици од шок, додека кабината се тресе од ударот.

„Нашиот авион го зафати голема неочекувана бура и го погоди гром. Мојата посада, бендот, пријателите и семејството кои патуваа со мене сега се на сигурно, откако принудно слетавме“ напиша пејачката, а потоа и сподели слика на која може да се види уништениот дел од авионот и изгореното крило.

„Нажалост, не успеавме да слетаме во Парагвај“ изјави пејачката, која треба да настапи на фестивалот Асунсионико, кој се одржува првпат во три години. Организаторите потврдија дека таа нема да настапи на фестивалот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

Нејзиниот лет бил од Богота, Колумбија, каде настапи во склоп со својата турнеја, а последно се појави на фестивалот Лолапалоза во Чиле и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот