ВИДЕО: „Ауфидерзен“ и за Дортмунд, Реал закажа полуфинале со Челси!

epa09135746 Manchester City's Kevin De Bruyne (C) in action against Dortmund's Manuel Akanji (R) during the UEFA Champions League quarter final, second leg soccer match between Borussia Dortmund and Manchester City in Dortmund, Germany, 14 April 2021. EPA-EFE/FREDERIC SCHEIDEMANN / POOL

Вечерва ги дознавме сите патници во полуфиналето во Лигата на шампионите, последните две екипи кои се пласираа во следната фаза се Манчестер сити и Реал Мадрид.

На првиот натпревар во „Етихад“ играчите на Пеп Гвардиола стекнаа предност од 2:1, што беше шанса за бундеслигашот со еден погодок и без примен да ја оствари целта. Така и започна, со водство на „милионерите“ во 15 минута кога во листата на стрелците се запиша младиот 17-годишен Белингем.

Премиерлигашот беше свесен дека овој резултат му значи елиминација од натпреварувањето и до крајот на дуелот не само што успеа да го избегне поразот, туку и да запише уште еден триумф.

Пресвртот се случи во второто полувреме, најпрвин израмни Марез во 55 минута од пенал, а конечниот епилог го постави Фоден (75`). На тој начин Германија остана без нитуеден свој претставник во завршницата од ЛШ, вчера беше елиминиран ланскиот шампион Баерн Минхен.

Реал Мадрид успеа да ја одбрани позитивата од првите 90 минути (3:1) на гостувањето на „Енфилд“. Ливерпул го даде сиот максимум со своите шанси за да ја анулира негативата, но до крајот на средбата мируваа мрежите.

Познати се и полуфиналните двојки во Лигата на шампионите, Реал ќе ги одмери силите против Челси на 27/28 април и 4/5 мај 2021 година, а во истите термини Манчестер сити ќе се соочи со францускиот гигант ПСЖ.

ВИДЕО: Нападнат автобусот на Реал Мадрид на патот кон „Енфилд“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот