ВИДЕО | Атовска: Уште една немирна ноќ во Харков, нови напади и цивилни жртви

Кристина Атовска од Харков/Фото: Слободен печат

Репортерката на „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ Кристина Атовска која во моментов е во градот Харков јавува за најновите случувања во Украина.

-За време на целиот ден во Харков слетаа неколку проектили, беа оштетени огромен број на згради. Вчера загинаа две лица, во текот на ноќта имаше уште двајца загинати и голем број на повредени, јави од Харков, Украина, Кристина Атовска, репортерот на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“.

И во овие напади мета се цивилни објекти, а причините за тоа не се докрај расчистени.

-Во Харков видов дека огромен број на училишта се гранатирани, супермарекетите, Универзитетот е гранатиран. Ова укажува дека Русите продолжуваат да напаѓаат цивилни цели. Две од училиштата кои ги посетив се комплетно уништени и не е возможно таму да се одвива настава. Се цели и на објекти каде луѓето можат да се прехранат. И Украинците немаат објаснување зошто се гранатираат вакви објекти, веројатно за да е пресечат синџирите за прехрана на населението кое во голем број остана во градот, јавува Атовска.

Целиот извештај погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот