ВИДЕО | Атовска од Киев, Украина: Војната ќе се разгорува

Кристина Атовска.
Кристина Атовска. / Утрински брифинг

Драматични поместувања на линиите на фронтот можеби немаше, но имаше драматични бомбардирања во одредени делови и тоа во оние градови кои се од оваа страна на линијата на фронтот, како што е градот Николаев, јавува од Киев, Украина репортерот на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, Кристина Атовска.

-Таму се случува тешко бомбардирање во последните неколку денови: Украинската армија вчера рече дека напредувала околу десетина околу градот Мелитопул, која линија води до окупираниот град Херсон. Изразија надеж дека ќе стигнат кога тогаш до таму, до Херсон, и ќе го освојат, додава Атовска.

Но она што најмногу го одбележа викендов во Украина е масовното внесување на оружје од двете страни. Знаеме дека овде пристигна и западното оружје која долго го бараше украинската армија, но мжевме да забележиме, беше објавено едно видео со еден воз, кој Русите го внесоа од окупираните делови, кој е прилично долг и полн со тенкови. Освен внесувањето на тенкови Русија трупа оружје и во Црното море, известува Атовска.

-Донесе бродови полни со ракети, подморници кои носат со ракети, што значи дека војната, воените активности само ќе се разгоруваат, додава таа.

Проследете го целиот извештај во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот