ВИДЕО | Атовска од Киев: Хорор сцени во Кременчук, Русите гаѓаат трговски центри полни со цивили

Кристина Атовска
Кристина Атовска, специјален известувач на Слободен печат и Утрински брифинг од Украина / Утрински брифинг

Побарана беше седница на Обединетите нации. Вчера беше погоден градот Кременчук кој се наоѓа во централниот дел на земјата. Таму беа лансирани неколку ракети, но ништо досега не изгледаше толку страшно како вчерашниот напад. Како што многу пати соопштив, очигледно мета се големите шопинг центри, големите супермаркети, но праксата на руската армија досега беше тоа да го прават во текот на ноќта, кога тие центри и супермаркети се празни, јавува од Киев, Украина, репортерот на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, Кристина Атовска.

-Вчера нападот во Кременчук се случи околу 16 часот, во еден од поголемите супермаркети во тој град. Тој град досега и не беше многу вмешан во линијата на фронтот. Не се смета за еден од градовите во кој што се војува. Во тој момент кога беше погоден супермаркетот, според украинските власти внатре имало над 1.000 цивили, известува Атовска.

-Има 13 загинати, но властите очекуваат тој број да се зголеми, бидејќи сѐ уште трагаат по телата под урнатините. Доста време треба да се изгасне пожарот. Буквално целиот шопинг центар беше во пламен. Не се работи само за супермаркет за храна, туку се работи за поголем шопинг центар со поголем број на продавници. Многу луѓе се повредени, јавува Атовска.

Проследете го целиот извештај во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот