ВИДЕО | Атовска: Новинарите добија предупредување – ќе има интензивни напади врз Харков во наредните 3 дена

Кристина Атовска, репортерка на СП. и УБ, во Лавов, Украина, март 2022

Репортерката на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“, Кристина Атовска повторно е на пат кон Киев. Таа најави ексклузивен видео материјал од теренот, но патувањето од полско-украинската граница кон главниот град на Украина се одвива отежнато, доцнат возовите зошто многу луѓе го користат ова безбедно превозно средство во екот на воените дејства во земјата.

– Сѐ уште возовите патуваат „скришно“ со изгаснати светла. Возовите се преполни за враќање во Киев. Сите возови се полни со луѓе кои се враќаат назад. Помалку патници има во обратната насока кон полската граница, рече Атовска.

Таа соопшти дека новинарите кои известуваат од Украина добиле предупредување дека вториот по големина град во Украина во наредните три дена ќе биде мета на жестоки напади од руска страна. Инаку, во вчерашниот напад во Харков загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе.

– Доцна синоќа стигна информација во наредните три дена да не се оди накај Харков, бидејќи се очекуваат напади, јави специјалната репортерка за „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“ Кристина Атовска, која во наредните денови од теренот ќе известува за најновите случувања во Украина.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот