ВИДЕО | Атовска: Харков е крајно небезбедно место, постојано мета на напади се цивилни згради, а не воени цели

Кристина Атовска во Харков/Фото: Слободен печат

Најголемиот град во источниот дел на Украина Харков со месеци секојдневно е гранатиран од страна на руските сили, при што стотици цивили загинаа, а голем број граѓани веќе ги напуштија своите домови.

-Животот во Харков е лотарија. Преживувањето е лотарија. Цела ноќ се бомбардира. Целиот град се тресе, за разлика од Киев, известува Кристина Атовска, репортерот на „Утрински брифинг“ и „Слободен печат“.

-Сите оние кои не избегале од Харков спијат во домовите. Јас сум на 12-ти спрат и чувството е страшно. Ако во близина слета проектилот, зградите се тресат, сите деца од околните згради се будат. Има ехо од детски плач и можам да кажам дека ова е најзастрашувачкото чувство што го имам доживеано, додава Атовска.

Иако дел од граѓаните на Харков заминаа со неколку хуманитарни конвои, сепак голем дел од вкупното население од речиси милион и пол се останати во своите домови и во засолништата во градот.

-Од она што можев да го видам вчера кога пристигнав овде можам да кажам дека голем број на жители не се заминати од овде. Блискиот парк вчера на пример беше преполн со деца, јавува Атовска.

Харков е небезбедно место, се гранатира и дење и ноќе, се гаѓаат цивилни објекти и административни згради, а во нападите страдаат цивилни жртви, јавува Атовска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот