ВИДЕО: Атлетико во 95 минута до бод во дербито против Реал Мадрид
Реал Мадрид водеше до судиското надополнување во тензичното градско дерби против Атлетико Мадрид, но Анхел Кореја во 95 минута им донесе бод на „јорганџиите“ и ги постави конечните 1:1 во натпреварот од осмото коло од најсилното шпанско фудбалско првенство.
Мечот беше прекинат по голот на гостите кога навивачите го гаѓаа голманот на Реал, Куртоа, но набрзо беше продолжен. На почетокот на дербито имаше шанси и на двете страни. Првата шанса во 10 минута ја имаше Алварез по одличен продор, но шутираше директно во Куртоа од страна. Валверде возврати со обид во 17 минута, „загревајќи“ ги ракавиците на Јан Облак.
Реал имаше блага иницијатива и поголем посед на топката, а единствената добра шанса до крајот на првото полувреме ја имаше Белингам во 36 минута. Второто полувреме донесе повеќе возбудувања, Родриго упати удар од 51 минута кој помина над голот. Воиграна акција после прекин во 64 минута му донесе водство на Реал Мадрид. Модриќ брзо одигра до Винисиус, кој го помина Алварез и центрираше до Милитао, кој со многу среќа постигна гол по одбиената топка.
Следуваше прекин, а по него силен налет на Атлетико. Свои шанси прво имаа Лино, па Гризман, но Куртоа одлично бранеше.
Се чинеше дека Реал ќе ги освои трите бода, а потоа Гризман му одигра одлична топка на Кореја, кој истрча пред Куртоа и во 95 минута му донесе бод на Атлетико Мадрид.
Реал остана со горчлив вкус и три бода зад Барселона, додека Атлетико заостанува два бода зад градскиот ривал.