ВИДЕО: Атлетико сигурно чекори кон титулата, падна и Валенсија

Лидерот на табелата во Ла Лига, Атлетико Мадрид славеше со 3:1 против Валенсија и го продолжи походот кон шампионската титула.

Натпреварот лошо започна за лидерот на табелата, откако Жоао Феликс ја пропушти првата голема шанса, Валенсија возврати преку Ваљехо, но неговиот шут беше одбранет од Јан Облак. Сепак во 11. минута Рачиќ постигна фантастичен гол од 30-тина метри.
Но, водството на Валенсија траеше само 12. минута по што Жоао Феликс успеа да го совлада Доменех.


Во второто полувреме, прво Луис Суарез во 54. минута го доведе Атлетико Мадрид во водство, за победата да ја завери Кореа во 72. минута.
Атлетико Мадрид ја зголеми предноста на табелата пред Реал Мадрид, „јорганџите“ имаат 47 бода, седум повеќе од градскиот ривал, но во исто време имаат и натпревар помалку. Доказ дека Атлетико Мадрид е фантастичен сезонава е и импресивната гол разлика од 36 дадени и само осум примени голови.

Прочитајте и...  И „Гардијан“ му симнува капа на Никола Јокиќ: Тој е вистинскиот ѕвер во НБА

Поврзани вести

Ѓоковиќ се огласи по историскиот успех: Денеска е голем ден

Слободен печат

Предлог на Јувентус за револуција во Лигата на шампионите

Слободен печат

Кој ќе го победи Бруклин, Грифин им се приклучи на Дурент, Ирвинг и Харден

Слободен печат

ВИДЕО: Златан: Гатузо го фрлив во канта за ѓубре

Слободен печат

ВИДЕО: Мозаик на Ѓоковиќ од тениски топчиња во чест на историскиот успех

Слободен печат

Лапорта: Најдобриот фудбалер на светот ја сака Барселона

Слободен печат

Остави Коментар