ВИДЕО: Атлетико не дозволи ново изненадување во „Ла Лига“!

Фото: EPA-EFE/Domenech Castello

После ремито и поразот од Леванте во претходните два натпревари, екипата на Атлетико Мадрид овојпат не си дозволи нов кикс, вечерва во 25 коло од шпанското првенство со 0:2 триумфираше над Виљареал.

Во првото полувреме автогол си постигна Алфонсо Педраза (25`), а во второто во листата на стрелците се запиша Жоао Феликс (69`).

На табелата играчите на Диего Симеоне после 18 победа сезонава се на првото место со 58 бодови, пет повеќе од второпласираната Барселона, а воедно „јорганџиите“ имаат и еден меч помалку.

Атлетико во наредното коло го очекува важен дуел во шампионската трка, на 7 март дома ќе се соочи со градскиот ривал Реал Мадрид.

Беа одиграни уште три дуели во текот на денешниот ден: Селта Виго-Ваљадолид 1:1, Кадиз-Бетис 0:1 и Гранада-Елче 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот