ВИДЕО: Атлетико „мириса“ шампионска титула, на потег е Реал Мадрид!

Фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Реал Сосиедад со 2:1 (2:0) во рамките од 36 коло во најсилното шпанско првенство.

Победата ја обезбедија Јаник Караско во 16 и Кореја со погодок во 28 минута. За Сосиедад во 83 минута стрелец беше Зубелдиа во 83 минута. Одличен беше и домашниот словенечки голман Облак кој запиша шест одбрани.

„Јорганџиите“ сега имаат 80 бодови, четири повеќе од Барселона, пет повеќе од Реал Мадрид и шест од Севиља која славеше дома над Валенсија (1:0).

„Кралевите“ предводени од Зинедин Зидан својот меч од оваа лигашка рунда ќе го одиграат в четврток против Гранада на гостински терен.

До крајот на сезоната екипата на Диего Симеоне треба да ги одигра уште дуелите со Осасуна дома и Ваљадолид на гости.

Се одиграа уште две средби, со ист резултат 1:0 Селта Виго и Хуеска беа подобри од Хетафе, односно составот на Атлетик Билбао. Табела: Атлетико Мадрид 80 бодови, Барселона 76, Реал Мадрид 75, Севиља 74, Реал Сосиедад 56, Бетис 54, Виљареал 52…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот