ВИДЕО: Атлетико го прегази Јувентус во генералната проверка пред стартот на сезоната

Алваро Мората му даде три гола на Јувентус за кого играше минатата сезона/фото: EPA-EFE/TINO ROMANO

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Јувентус со убедливи 4:0 во генералната проверка за двете екипи пред почетокот на сезоната.

Натпреварот кој поради војната во Израел, наместо во Тел Авив, се одигра во Торино, го одбележа Алваро Мората кој минатата сезона ја помина во редовите на „старата дама“.


Шпанскиот репрезентативец постигна хет-трик, ја тресеше мрежата на „старата дама“, во 10., 43. и во 62. минута, по што беше заменет од Јаник Караско. Точка на натпреварот стави Матеус Куња.

Јувентус не брилјираше на подготовките бидејќи ја победија само Гвадалахара (2:0), ремизираа со Барселона (2:2) и загубија од Реал Мадрид (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот