ВИДЕО | Атанасовски: Повикот на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица да не се отвораат вратите на попишувачите е антидржавен потег

Веројатно сме единствената, или колку што имам информации заедно со Сомалија, држава што нема попис, што е е еклакантен пример за еден огромен меѓународен срам, бидејќи и претставниците од ЕУ перманетно во своите извештаи во последниве 10 години, велат дека земјава како претендент за членство во ЕУ е недопустливо да нема спроведен попис. Сите релевантни чинители кажуваат дека пописот е или треба да биде само обична статистичка операција која с спорведува по закон, но за жал кај нас пописот секогаш бил негиран или врз него се фрлале темни петна за неговата веродостојност во однос пред се на етничките податоци. За жал ова се случува тука, во БиХ, во Либан, изјави во Утрински брифинг историчарот Благојче Атанасовски.

Фелер во Рамковниот договор е тоа што кога беше потпишан се предвиде тој договор со едни етнички квоти каде се гарантираат етничките права на зедниците. Таму се вметнаа бројки, верувајќи дека во иднина нема да може да се случи бројот, пред сѐ на албанската заедница да падне под 20%. Но, како што гледаме во Македонија се случува таа бела чума, но не верувам дека ќе се враќаме кон иреверзибилен процес на веќе стекнати и граѓански права. Јас и лично сум противник на одземање на веќе стекнати права.

Целиот разговор со Атанасовски во кој говори за повикот на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да не се отвораат вратите на попишувачите, како и за перцепцијата на корупцијата погледнете во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот