ВИДЕО | Атанасова: Проблемите со паркирањето во градот брзо ќе се решаваат

раководителот на правен сектор при ЈП Градски паркинг Елизабета Атанасова
Елизабета Атанасова, раководител на правен сектор при ЈП Градски паркинг / Утрински брифинг

Проблемот со наоѓањето паркинг место особено во централно градско подрачје е секојдневие на сите граѓани на Скопје, но најмногу на лицата кои своите работни обврски ги извршуваат во овој дел од градот.

Со порастот на автомобили на територијата на главниот град паралелно расте и потребата од паркинг места.

Директорот на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски најави дека претпријатието во насока на решавање на овој проблем ќе продолжи со реализацијата на ветените проекти, меѓу кои и изградба на катни гаражи и монтажни паркиралишта во неколку скопски општини.

Претпријатието ценејќи го осиромашениот буџет на граѓаните поради пандемијата од корона вирусот, енергетската криза со цел да им излезе пресрет на своите корисници пред извесно време на Управен одбор донесе одлука да ги намалат цените кои се наплаќаат за час паркирање за 25 проценти.

На овие теми во Утрински брифинг разговаравме со раководителот на правен сектор при ЈП Градски паркинг Елизабета Атанасова.

-Во изминтатиот период ЈП бележи зголемен интерес за паркирање од страна на корисниците на сите јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање, осбено за зоните А8, Ц45 и Ц46.

Корисници на месечна дозвола можат да бидат физички и правни лица, како и вработени во правен субјект кои што гравитираат во конкретната зона.

-За физичките и правните лица кои сакаат да ги користат услугите за паркирање во споменатите зони потребно е да ги поседуваат следниве документи: За вработените во правен субјект тековна состојба од Централен регистар, потврда за редовен работен однос и сообраќајна дозвола за увид, додека за физичките и правните лица потребно е само да достават барање за апликација, вели Атанасова.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот