ВИДЕО | Атанасоски: Приведувањето на Рашковски, доказ дека климата е сменета – судиите и обвинителите се ослободија од стравот да гонат високи владини функционери

Нашата јавност не е научена да се апсат функционери од актуелна владејачка гарнитура, во моментот додека нивната партија е на власт. Обично секогаш сме имале апсење на функционери кога ќе се смени власта и тоа се доживувало како еден вид на политички реваншизам. Сега станува збор за поранешниот генерален секретар на Владата или втор човек на самата Влада, сегашен секретар во кабинетот на Заев, значи станува збор за лице високо позиционирано во владините етажи, но искрен да бидам јас и очекував ваков развој на настаните. Но да ја задржиме пресумпцијата на невиност, изјави во Утрински брифинг политиколот и аналитичар, Благојче Атанасоски, околу последниот случај со приведувањето на Рашковски и додава дека борбата против организираниот криминал мора да биде неселективна и непартиска.

-Морам да напоменам дека ова е позитивен пример од нашето ОЈО и судство и мора да бидеме искрени со претходната владејачка гарнитура не беше замисливо да биде уапсен висок функционер и покрај тоа што јасно ќе беше фатен во криминални дејанија. Сметам дека климата е драстично сменета. Можеби ова се должи на нашето членство во НАТО, сменетите внатрешно политички односи околу прашањето со владеењето на правото, се наоѓаме и пред официјализирање на почетокот на преговорите, рече Атанасоски.

Да бидеме чесни и искрени – знаеме дека Македонија функционира со еден мониторинг од меѓународната зедница, пред се од американската амбасада, така што ова е еден комплот од повеќе аспекти. Веројатно станува збор за притисок на меѓународната заедница и нејзините претставници овде и врз политичките чинители да ги тргнат своите политички „шепи“ од судството и обвинителството. Морам да напоменам дека веќе се создадени и поволни услови веројатно и самите судии и обвинители го имаат тргнато тој психолошки страв или товар од себе, дека можат конечно да почнат да судат, да подигнуват обвинение и против официјални и актуелни високи владини функционери без да имаат страв дека нешто ќе се случи по нивната безбедност и безбедноста на нивната фамилија, бидејќи да не заборавиме со претходната владејачка гарнитура беше непоимиливо суд или обвинител да тргне против актуелен владин функционер, вели Атанасовски.

Целиот разговор со политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски каде тој говори и за собранискиот „театар“ кој последниве месеци се случува во државава погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот