ВИДЕО: Асистенција на Елмас во триумфот на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има договор со Наполи до лето 2025 година/ фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Екипата на Наполи без поголеми проблеми  со 0:2 славеше на гостувањето кај Болоња во рамки на 22 коло од Серија А. Удел во победата на Наполи имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој му асистираше на Ирвинг Лозано при постигнување на првиот гол во 20 минута.

Истиот фудбалер на самиот старт од второто полувреме по додавањето од Фабијан Руиз го постави конечниот резултат.

Наполи остана на третото место на табелата со 46 бода, само два помалку од Милан и четири помалку од лидерот Интер кој има и натпревар помалку. Болоња остана на 13 место со 27 бода.

Вистинско изненадување приреди екипата на Специја која со 1:2 го победи Милан на „Сан Сиро“.
Милан поведе со голот на Рафаел Леао во последната минута од првото полувреме.

Во второто полувреме Специја дојде до пресврт, прво Кевин Агудело во во 64. минута израмни на 1:1,  победата ја донесе Емануел Ѓаси со голот во 95. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот