ВИДЕО | Арсовски: Сè уште немаме информација од ИЈЗ за контактите на Спасовски

До овој момент сè уште немаме информација од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно здравје, колку и дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи којшто е позитивен на ковид-19 добиле решение за самоизилација, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

-Во текот на денот сигурно ќе информираме доколку добиеме таква информација– рече Арсовски.

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите кои министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за домашна изолација. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред два дена на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на ковид-19. Напиша дека клиничката слика му е добра, со благи симптоми и оти е веќе во домашна изолација.  

По објавата на министерот Спасовски дека е позитивен на ковид-19,  се тестираа премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовск, кои преку фејсбук информираа дека нивните тестови се негативни на ковид-19.  

-Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19, порача Заев на ФБ. 

Заев: ОН ја имаат централната улога во справување со пандемијата, продолжуваме да ги спроведуваме нивните препораки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот