ВИДЕО | Арсовски: Проектот на Заев, Димитров, Шекеринска за влез во ЕУ е политички мртов

„Клучните политики на Заев и СДСМ со кои го лажеа народот во Република Македонија се разобличени. Тоа се живот за сите и влез во ЕУ. Ниту има живот за сите, ниту влегуваме во ЕУ во блиска иднина“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференцијата во седиштето на партијата.

Арсовски го посочува Заев како виновник за ветото, „кој дома ветуваше датум, а на Бугарија им ветувал историја, народ, малцинство кое ќе биде дефинирано од бугарската држава“. Сето ова се удира во ѕид, смета Арсовски.

Партијата смета дека поради овие „огромни пазарџиски ветувања“ премиерот Заев треба да си даде оставка и да се формира Влада за национален спас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот