ВИДЕО | Арсовски: Интензивен е контактот со пожарникарите, Владата посредува за да се најде решение

Повеќе од 15 години се провлекува проблемот со пожарникарите, рече портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски на денешната прес-конференција која се одржа во Владата.

Веќе трет ден пожарникарите на Град Скопје протестираат со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.

-Проблемот на пожарникарите беше игнориран, на иницијатива на Министерството за одбрана почна на се решава на некој начин, а потврда за тоа е зголемувањето на средствата кои беа префрлени од Буџетот на Министерството за одбрана на општините во 2020 година- рече Арсовски.

Вкупно 51 милион денари беа префрлени повеќе во однос на годината претходно, потенцираше Арсовски.

-На седницата на Владата во септември е усвоена информација на министерството и е прифатен акцискиот план за воспоставување на принципот на децентрализација во противпожарната заштита со воведување на блок дотација за секое општина базирана врз основа на бројот на жители- рече Арсовски.

Планирано е да се направат измени и дополнувања во Законот за пожарникарство, потенцираше Арсовски, ќе бидат вклучени Министерството за финансии, Министерството за локална самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување.

-Интензивен е контактот со поражникарите, Владата е тука, на некој начин да посредува, за да се изнајде што поскоро решение- вели Арсовски.

Портпаролот на денешната прес конференција наменета за медиумите ги изнесе и одлуките и заклучоците од вчерашната владината седница.

-На предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост. Со одлука на Владата Фарук Омери е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, а со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи. Владата му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот. На оваа седница Владата го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам- истакна Арсовски.

ФОТО+ВИДЕО | Шилегов се искара со пожарникарите: Ако си заминете ќе примиме нови!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот