ВИДЕО | Арсовска од Лисиче: Скопјани ќе изберат човек кој ќе ги застапува сите за поубав живот

Данела Арсовска во Лисиче / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Доаѓа големата победа, скопјани ќе изберат човек кој ќе ги застапува сите за поубав живот, за модерно европско Скопје во кое сите ќе бидеме среќни и горди, изјави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска на вечерашниот собир во Општина Аеродром, додавајќи дека победата од првиот круг на 31 октомври само ќе биде поголема.

Арсовска истакна дека од другата страна нема што да понудат, ниту како да ги оправдаат потрошените четири години стагнација и затоа се служат со лични напади кон неа.

– Од првиот момент кога кажав дека градоначалникот во заминување ќе одговара за сите средства кои ги потрошил од буџетот на скопјани, и наместо на поубав живот ги трошел ненаменски, после тоа почнаа директните напади. Го прашавме градоначалникот во заминување каде е тунелот под Кале, каде се кружните текови, каде се сообраќајниците, каде е подобриот живот, каде се 350 милиони евра потрошени пари на скопјани за кои не видовме резултати. Каде се милион евра за чистење на снег во година во која нема снег, зошто во кампања склучил договор за 32 000 евра за кафеани. Таков човек не е достоен да го води нашиот главен град, изјави Арсовска.

Таа истакна дека на овие луѓе им останаа само навредите затоа што, како што нагласи, овие луѓе за да си ги зачуваат фотелјите се подготвени се да продадат и излажат, па и да навредуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот