ВИДЕО: Арсенал „тоне“, автогол на Обамејанг, Џака доби црвен картон!

Фото: EFE/Laurence Griffiths/POOL

Арсенал повторно ги разочарува своите навивачи откако на својот „Емирати“ стадион загуби и од Барнли со 0:1. Ова е многу загрижувачки за лондонскиот клуб кој веќе нешто повеќе од еден месец не знае за триумф во Премиер лигата, иако блеска со настапите во Лига Европа.

Во 58 минута од средбата фудбалерот на домаќините Џака доби црвен картон кој го фати за врат противничкиот играч Ешли Вествуд.

Ваквата предност на теренот ја искористија со погодок во 73 минута кога ужасната вечер на составот на Микел Артета ја комплетираше Обамејанг со автогол после еден изведен корнер.

Трет пораз во низа, вкупно седми сезонава, моментно на табелата се наоѓаат дури на 15 позиција со 13 бодови, само пет повеќе од Фулам кој е во опасната зона за испаѓање од лигата.

Се одигра уште еден меч, Лестер на домашен терен беше убедлив со резултат 3:0 против екипата на Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот