ВИДЕО: Aрсенал со пресврт го изненади Лестер сити!

Фото: EPA-EFE/Rui Vieira/POOL

Фудбалерите на Арсенал го совладаа на гостински терен составот на Лестер сити со резултат 1:3, додека без голови одиграа Кристал Палас и Фулам во рамките од Премиер лигата.

Менаџерот на „топџиите“ Микел Артета на денешниот дуел настапи со комбиниран тим, очигледно сега приоритет е Лига Европа, а далеку е Лигата на шампионите.

Пресвртот на лондонскиот клуб го најави Луиз после асистенцијата на Вилијан во 39 минута од средбата.

Непосредно пред паузата за водство на гостите се погрижи Лаказет кој беше прецизен од пенал (45+2`).

Конечниот епилог го постави Пепе во 52 минута за вкупно 11 победа сезоната и моментно деветто место на табелата со 37 бодови, додека „лисиците“ се третопласирани со 49.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот