ВИДЕО: Арсенал се „буди“, непријатно изненадени Гвардиола и Манчестер сити

Запрена серијата на „граѓаните“ од три победи по ред во Премиер лигата/Манчестер, Англија/18 септември 2021/Фото: EPA-EFE/Andrew Yates

После трите стартни порази оваа сезона во Премиер лигата, Арсенал почна да победува. Играчите на Микел Артета во минатото четврто коло беа подобри од Норич со 0:1, а сега со истиот резултат славеа и кај Барнли.

Стрелец на единствениот гол за „топџиите“ беше данскиот интернационалец Одегард во 30 минута од средбата.

Манчестер сити денеска на својот „Етихад“ ја имаше фаворитската улога против Саутемптон, но фудбалерите на Пеп Гвардиола не успеаја истата да ја оправдат.

За „светците“ ова е веќе четврто реми по ред, сега не дозволија да бидат поразени ниту од актуелните шампиони (0:0).


Во другите мечеви од рундата: Вулверхемптон – Брентфорд 0:2, Ливерпул – Кристал Палас 3:0 и Норич – Ватфорд 1:3.

Табела: Ливерпул 13 бодови, Евертон 10, Манчестер сити 10, Манчестер јунајтед 10, Челси 10, Брајтон 9, Тотенхем 9…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот