ВИДЕО: Арсенал само до бод поради грешката на Џака!

Фото: EPA-EFE/Peter Powell/POOL

Денеска во првиот натпревар од саботната програма на 27 коло во Премиер лигата Арсенал ремизираше на гостувањето кај Барнли (1:1).

Двата погодоци беа реализирани во текот на првото полувреме, „топџиите“ поведоа со погодокот на Обамејанг уште во шестата минута после асистенцијата на Вилијан.

Интернационалецот од Габон постигна повеќе голови против Барнли (осум) од било кој друг англиски тим во неговата кариера, додека Бразилецот Вилијан има повеќе премиерлигашки асистенции оваа сезона од било кој друг играч на Арсенал (пет).

Израмнувањето се случи во 39 минута, Џака имаше намера да ја додаде топката до еден од неговите соиграчи, но удри во Вуд кој беше во казнетиот простор и топката од неговото тело заврши во мрежата на Лено.

Составот на Микел Артета после петтото реми сезонава се наоѓа на 10 позиција со 38 бодови, додека денешното реми е добредојдено за Барнли во борбата за опстанок, моментно е на 15 позиција со 30 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот