ВИДЕО | Аријанит Хоџа: Ние сме рекордери во субвенционирање на земјоделството

Арјанит Хоџа
Арјанит Хоџа, министер за земјоделство и шумарство/ Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Земјоделството е една од најважните гранки во државата и затоа секоја година издвојуваме 160 милини евра за негова поддршка, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа во интервју за „Слободен печат“.

Во однос на незадоволството што последни во низа го искажаа оризопроизводителите, министерот Хоџа рече дека наскоро ќе ги покани оризарите на разговор за заедно со инспекторатот за земјоделство  да утврдат каде е проблемот и дали тие барања се во склоп на постојната ситуација во доменот на оризопроизводството, дали е потребна интервенција и каква.

-Како министерство сме апсолутно отворени за секоја потреба што ја имаат земјоделците, но само со точна анализа за што. Барањата за фиксна цена се нерални затоа што државата не може да утврди цена на производи што се пазарни. Што се однесува пак дека амбарите им се полни, тоа е веројатно затоа што чекале подобра пазарна цена, смета Хоџа.

Трендот во иднина ќе биде да направиме развојни земјоделски стопанства како економски гранки и да го зголемиме извозот на земјоделски производи.

Но зошто државата ги субвенционира сите земјоделски производи со пари на сите граѓани и  дали со тоа добиваме на нашите трпези поевтини земјоделски производи, кои се извозно ориентирани производи и дали земјоделците очекуваат Владата да им отвора нови пазари, за овие и други прашања од интервјуто со министерот Аријанит Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот