ВИДЕО | Арифи: Поради опасноста од ковид-19, новогодишна прослава во Тетово нема да има

Повеќе од три недели имаме тенденција на бројки кои се сериозни. Имаме околу 70 заболени дневно. Од информациите на Клиничкиот центар дневно се лекуваат од 45 до 50 пациенти со потешка клиничка слика. Извршена е внатрешна организација во болницата, додека пациентите со полесна клиничка слика ја добиваат потребната терапија дома, изјави во „Утрински брифинг“  на „Слободна Тв“ Теута Арифа, градоначалник на Тетово.

-Инсистираме на одржување на дистанцата и граѓаните максимално да даваат придонес сите семејни собирања да се одложат, бидејќи тоа е една од опасностите за ширење на заразата, вели Арифи.

Свеста сега е зголемена, но исто така има и уште многу да се направи, затоа што ние немаме многу опции освен да станеме свесни за да можеме што подалеку од нас да ја држиме заразата, смета Арифи.

-Со години наназад сме биле ангажирани со многу културни настани, китење на градот за Новогодишните празници, но со ребалансот на буџетот, средствата наменети за прославите сметаме дека можат да бидат користени за други инфраструктурни зафати. Дочек за Нова година нема да има, вели Арифи.

Целиот разговор со Теута Арифи проследете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот