ВИДЕО: Аргентинците ги поздравија светските шампиони, Меси го постигна 800 гол во кариерата

фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

На преполниот Монументал беше емотивно – капитенот на „гаучосите“ Лионел Меси во солзи го дочека натпреварот помеѓу Аргентина и Панама.

Еден од најдобрите светски фудбалери не ги криеше емоциите кога заедно со семејството и соиграчите, држејќи ја „божицата“ во раце, излезе на теренот.

Во контролниот меч одигран во Буенос Аирес Аргентинците славеа со 2:0, првиот погодок беше дело на Алмада во 78 минута по асистенцијата на Паредес.

Цел стадион скандираше Лионел Меси, а тој на верната публика возврати со прекрасен гол од слободен удар во 89 минута.

Тој гол беше и јубилеен вкупно негов 800 во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот