ВИДЕО: Аргентина е првиот финалист на Копа Америка

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Фудбалерите на Аргентина се првите финалисти на овогодинешното издание на Копа Америка, бранителот на титулата го совлада дебитантот Канада со 2:0 (1:0) во полуфиналето на Ист Радерфорд.

Хулијан Алварез во 22 минута ја доведе Аргентина во водство на средината на првиот дел, а капитенот Лионел Меси (51`) на почетокот на вториот дел го постави конечниот епилог.

За Меси ова е прв гол на Копа Америка годинава, а вкупно 14-ти во кариерата на првенствата на Јужна Америка.

Интересно, и на отворањето на ова натпреварување на 20 јуни во Атланта се сретнаа Аргентина и Канада, а и тогаш Аргентина славеше со истиот резултат.

Аргентина, која е и актуелен светски шампион од Катар 2022 година, в недела ќе има можност да ја освои третата последователна титула победник на големите натпреварувања на кои учествува, а противникот во финалето што ќе се игра во Мајами, ќе биде подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Уругвај, кој е закажан за во среда навечер во Шарлот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот