ВИДЕО: Аргентина чекор поблиску до пласман на Светското првенство

Анхел ди Марија две години во дресот на „Старата дама“/Фото: EPA-EFE/ERNSTO

Доцна синоќа фудбалерите на Аргентина го совладаа Уругвај (0:1) во натпреварот од 13 коло во квалификациите за Светското првенство 2022.

За победа на „гаучосите“ доволен беше погодокот на Анхел Ди Марија од седмата минута. Играчот на ПСЖ ја прими топката од Пауло Дибала и со прекрасен удар ја испрати топката во мрежата на уругвајскиот голман Фернандо Муслера.

Домаќините до крајот на мечот се обидуваа преку Луис Суарез да дојдат до бод, но одличниот на аргентинскиот гол беше голманот Емилијано Мартинез. Лионел Меси го започна овој меч од клупата, а на теренот беше од 76 минута кога го замени Џовано Ло Селсо.

Аргентинците се на чекор од пласман на Мундијалот, се наоѓаат на второто место со 28 бодови, пред водечкиот Бразил кој веќе е на СП.

Од друга страна, шестопласираниот Уругвај води грчевита борба со Колумбија, Чиле и Перу за мундијалски „билет“.

Јужна Америка, квалификации за СП 2022

Уругвај – Аргентина 0:1

Табела:

1. Бразил 34 бодови
2. Аргентина 28
3. Еквадор 20
4. Чиле 16

5. Колумбија 16

6. Уругвај 16
7. Перу 14
8. Парагвај 12
9. Боливија 12
10.Венецуела 7

Следни натпревари, 16 ноември

Боливија – Уругвај
Венецуела – Перу
Колумбија – Парагвај
Аргентина – Бразил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот