ВИДЕО | Апели за помош: Бројни штети по силното невреме во Неготино

Фото: Скриншот, Фејсбук

Попладнево се случи силно невреме во Неготино кое предизвика тешки материјални последици во градот, известија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Повеќе неготинци пријавиле штети од невремето – има искорнати дрвја, паднати бандери, оштетени кровови од куќи и поплавени домови.

Дека штетите се големи, сведочат и снимките кои се појавија на социјалните мрежи.

„Апел за помош од комуналните служби на ул. Пиринска во Неготино. Има многу големи штети!“, стои во објавата на загрижена жителка на Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот