ВИДЕО: Антиваксери маршираа низ Белград, се туркаа со полицијата и на крајот играа оро

Протест на противниците на вакцинацијата во Белград / 18 септември 2021 / фото: ЕПА

Противниците на вакцините и на вакцинацијата против ковид-19 попладнево се собраа на голем протест во центарот на Белград, додека во градот паралелно се одржуваше годинешната „Парада на гордоста“ на ЛГБТИ популацијата. Центарот на градот беше целосно блокиран, под незапаметено силно полициско обезбедување.

Антиваксерите, кои носеа српски знамиња и пееја патриотски песни, се обидоа да стигнат до зградата на Претседателството на Србија, но полицијата ги спречи поради можен конфликт со учесниците на „Прајдот“, по што извикуваа пароли против српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во неколку наврати, дојде до блиски средби меѓу демонстрантите и полицијата, а имаше и туркање. Учесниците на протестот запалија и факели, а најмалку еден од нив фрлија кон полицијата, пишуваат српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

Антиваксерите, од кои дел се нарекуваат себеси антиглобалисти, го продолжија маршот низ белградските улици, носејќи икони и транспаренти, како и голем банер на кој пишуваше „Слогата ќе биде пораз на ѓаволот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

Дел од говорниците на протестот рекоа дека „се гадат“ од „Парадата на гордоста“ која истовремено се одржуваше во српскиот главен град.

Лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, од говорницата го поздрави собирот и рече дека Кризниот штаб за борба против коронавирусот целосно ја изгубил довербата од струката, затоа што досега носел само контрадикторни одлуки, кои самите членови не ги почитувале.

„Денеска сме тука поради превенција, да испратиме порака дека тој вид на диктатура и кршење на Уставот, на човечките права и слободи, нема да помине. Луѓето се бунат ширум светот, секако дека и ние тука во Србија моравме да го кренеме гласот“, рече Обрадовиќ.

На крајот на протестот, учесниците играа оро во центарот на Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот