ВИДЕО АНКЕТА: Подготвени ли се граѓаните за нов бран на ковид?

Анкета Агнеса Чаволи за Ковид

Светската здравствена организација регистрира 1,4 милиони нови инфекции од Ковид-19 во текот на јули и август – 80 отсто повеќе од претходниот месец. Случаите со КОВИД-19 повторно се зголемуваат, заедно со варијантите на коронавирусот. Степенот е помал од порано, но најновите бројки од ординациите покажуваат дека секој ден има се повеќе заболени.

Слободен печат“ ги праша граѓаните на Скопје дали се информирани за новата варијација на Ковид-19 и дали треба да се заштитат со маски? Граќаните се со поделени мислења, едни знаат за новата варијанта, други воопшто не се информирани.

„Како што гледам, луѓето имаат температура, се жалат од студ, но сигурно е вратен ковид. Гледаме и дека бројките од Институтот за јавно здравје, минатата недела, беа заразени околу 150 од цела територија на Северна Македонија“ вели случајната минувачка за Слободен Печат.

Голем дел од граѓаните не беа информирани за новиот бран, дел од анкетираните биле инфицирани од ковид, други изгубиле блиски….

“Незнам, мене детето ми почина од Ковид. Тој почина со последниот бран, немаше уште вакцина“ вели скршената мајката…

 

 

Проследете ја целата анкета на „Слободен печат“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот