ВИДЕО | Анима Мунди: Еден се шета со оружје и стрела животни, друг влече куче врзано за автомобил, до кога секој силеџија ќе чувствува комодитет?

Фото: Принтскри, Анима Мунди

Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела животни да ги осакати и убие, при што е сериозно повредена мачка на негови комшии. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пукало по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност, но и безбедноста на своите миленици. Истиот ден, во Виница, возач со автомобил со регистерска табличка VI 8923 AB влече врзано куче, кое нема опција освен да трча без престан, во спротивно ризикува да биде задавено, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ и прашуваат До кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара? Или во насилството врз животните девијација, или ќе го препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе?

-Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност на јавноста и мачени се и убивани животни, што се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителот, се додава во соопштението.

Од Здружението информираат дека неколку лица се обиделе да пријават во полиција, но полицијата не сакала да прими и евидентира ваква пријава

-Е токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и поминуваат неказнети.
Ова се само дел од случувањата кои се наше секојдневие и кои за жал само споделени вака јавно можат да резултираат со разрешница. Ги повикуваме институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек!, потеницраат од „Анима Мунди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот