ВИДЕО: Англија славеше во Даблин, Германија со „петарда“ во мрежата на Унгарија

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Во рамките од првото коло во А сегментот на Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Германија убедливо со 5:0 ја совлада Унгарија.

На теренот во Диселдорф Германците водеа по првиот дел со погодокот на Фулкруг, а во второто полувреме по еден гол запишаа Мусиала, Вирц, Павловиќ и Хаверц, овој последниот од пенал.

Се одигра уште еден меч, Холанѓаните со 5:2 славеа над Босна и Херцеговина.

Во Б сегментот на стадионот во Даблин англиските фудбалери триумфираа против Ирска со 2:0 со головите на Рајс во 11 и Грилиш во 26 минута.

Во останатите дуели: Грузија – Чешка 4:1, Грција – Финска 3:0 и Украина – Албанија 1:2.

Селекцијата на Молдавија во Д сегментот на домашен терен дојде до триумф против Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот