ВИДЕО: Англичаните „гладни“ за одмазда, не ја забораваат неправдата од 2010 година!

Германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер/фото: EPA/MARCUS BRANDT

Денеска и утре нема натпревари на Европското првенство, но секако репрезентациите учесници во осминафиналето овие два дена ќе ги искористат за анализа на своите следни ривали.

Најинтересно се очекува да биде во вторник, 29 јуни (18.00 часот) на стадионот „Вембли“ во Лондон помеѓу репрезентациите на Англија и Германија.

Дуелите помеѓу овие две селекции секогаш носеле возбудувања, вкупно 32 пати се сретнале на официјални средби, 13 пати подобри биле Англичаните, а 15 пати Германците. Четири мечеви завршиле без победник.

Последен пат на „Вембли“ играа на 10 ноември 2017 година кога во пријателски натпревар мируваа мрежите на двете репрезентации (0:0).

Можеби најконтроверзниот меѓусебен меч беше оној од Светското првенство 2010 година одржано во Јужна Африка, кога во осминафиналето Германија славеше со 4:1.

Токму тој ден, 27 јуни 2010 година ја промени и фудбалската игра кога станува збор за сомнителни ситуации, по што подоцна се дојде и до идејата да се направи ВАР технологија која веќе им помага на судиите да ги донесат правилните одлуки.

Доколку постоеше ваквата технологија на споменатиот меч, на крајот можеби епилогот ќе беше поинаков, но за Англичаните имаше тажен крај пред 11 години. При резултат 2:1 за Германците, Френк Лампард постигна чист гол, кој изненадувачки не беше признат.

Вајналдум најави дека Холанѓаните ќе го напуштат теренот доколку има расизам во Будимпешта!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот