ВИДЕО | Ангеловски: Со или без публика одиме на победа во Грузија и пласман на ЕП

Подготвени сме и со нетрпение го очекуваме натпреварот со Грузија. Сите што сме членови на репрезентацијата со позитивни мисли одиме таму и кончено Македонија да заигра на Европско првенство, изјави во Утрински брифинг селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.

-Влогот е преголем. Во краток период одигравме два натпревари со нив. И двата нерешено, што покажува дека и двете репрезентации се со сличен квалитет и дека нијанси ќе одлучуваат. Фудбалот се игра за публика, така што ние сме навикнати, но пандемијата не дозволува такво нешто, сепак ние се спремаме за натпреварот и добро сме запознаени со условите на стадионот и противникот, вели Ангеловски.

-Во овој момент не можам со точност да соопштам на кого ќе можам да сметам на кого не. Сепак имаме фудбалери кои не донесоа пред овој голем успех. Ако ми е наложена принудна измена јас тоа ќе го направам. Не би сакал да шпекулирам со имиња бидејќи до овој момент нема некој кој е заразен од ковид-19, додава Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот