ВИДЕО | Ангеловски: Нерегистрирањето на возилата не е поради сиромаштијата, фаќаме „ауди“, „мерцедес“, „бмв“

Нерегистрирањето на возилтата не е поради сиромаштијата. Фаќаме „ауди“, „мерцедес“, „бмв“. Со таквото нерегистрирано возило, без потврда дека е технички исправно е практично убиец на патиштата, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ портпаролот на МВР, Тони Ангеловски и додаде дека во таков случај се одземаат регистарските таблички и се додека не се регистрира не се враќаат табличките.

-Казната е двојна од она што ќе го платите кога би го регистрирале возилото. Ова санкционирање не е само репресивна мерка, туку и превентивна. Заеднички треба да се придонесе за справување со нередот во сообраќајот, вели Ангеловски.

Мерките кои ги преземаме изминативе два месеци влијаат на граѓаните и се надевам дека уште повќе ќе се влијае на свеста и она што го имаме како тренд-намалување на сообраќајните несреќи ќе продолжи во иднина, смета Ангеловски.

Целиот разговор со Ангеловски проследете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот