ВИДЕО | Ангелов: Сите хеликоптери не може да летаат на 37 степени и во исто време да гаснат пожар

Не само нашите, туку сите хеликоптери не можат да летаат на таа висока температура затоа што тие гаснат пожар и треба да летаат ниско над местото на пожарот. Ако температурата на воздухот е 40, можеме да претпоставиме колку е повисока над местото каде што е пожарот. Таму температурите се страшно високи за тој да биде ефективен, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ.

– Српските хеликоптери утрово активно беа искористени, но гаснеа во придружба на наш хеликоптер, како што ви кажав, и за нив важат истите температурни ограничувања, со тоа што има помал долет, односно не можеме да ги пратиме да гаснат во Пехчево и во Македонски Брод. Тие можат да гаснат на одредена километража, околку скопскиот аеродром, но за ова ќе побарате подетални информации од Министерството за одбрана, вели Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот