ВИДЕО | Ангелов: Добро координирана и навремена акција спречи ширење на пожарот во Галичник

Пожарот во Галичник беше изгаснат благовремено. Тој не се прошири во селото. Жителите и гостите, како и објектите и куќите не беа загрозени, изјави во Утрински брифинг директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Се уште не се знае која е причинат аза пожарот. Во текот на вчерашниот ден од страна на МВР се вршеше увид. Јас лично, заедно со претседателот на МЗ Галичник го разгледавме местото и постои можност причина да електриката, односно жиците од далноводите кои иминуваат низ боровоата шума. Но ова е паушално тврдење и чекаме на одговор. Теренот кој беше зафатен од пожарот не беше голем, ја исклучувам можноста подготовка од скара да е причината, вели Ангелов.

-Ветерот создаде малку поголема паника, чадот одел накај селото. Ретко кога дува толку силен ветер, пожарот се движел накај селото и постоеше реална опасност тој да се прошири во првите куќи кои се граничат со шумскиот појас, вели Ангелов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот