ВИДЕО | Андоновски: Годишниот извештај на Народниот правобранител е во Собранието

Јован Андоновски, заменик Народен правобранител
Јован Андоновски, заменик Народен правобранител / Утрински брифинг

Факт е дека Владата и државните институции треба да реферираат кон Собранието и кон нас како институција за што е она што е исполнето од обврските кои произлегуваат од годишниот извештај, изјави за Утрински брифинг, Јован Андоновски, заменик Народен правобранител.

Андоновски вели дека ова не критика туку е во интерес на државата.

– Ако можам спортски да се изразам, играме за интересите на Македонија, нашата крајна цел е да ги подобриме состојбите во државата, додава тој.

– Ние сме Уставна категорија, исто како што е Собранието, Претседателот, Владата, Судската власт, Народниот правобранител и Народната банка. Не сме ниту помалку, ниту повеќе од останатите институции. Дадена ние улогата да бидеме коректив на секоја онаа состојба каде што доаѓа до повреда на човековите права, вели Андоновски.

Тој за Утрински брифинг изјави дека за жал бројките кои што во континуитет се високи е показател дека состојбите не се добри и со години се повторуваат истите проблеми, во истите области.

– Ние континуирано даваме препораки до Собранието. Собранието ги усвојува, но Владата е таа и другите државни органи на кои што се однесуваат што треба да ги исполнат, вели Андоновски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот