
ВИДЕО| Андоновиќ: Враќање на дијалогот меѓу Москва и Вашингтон единствена надеж за крај на војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Русија и на „другите инволвирани земји“ со даноци, царини и санкции доколку наскоро не се постигне договор за ставање крај на војната во Украина. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека конфликтот во Украина треба да се реши врз основа на правно обврзувачки договори кои треба да содржат механизам за да се осигура дека тие нема да бидат прекршени.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Се уште не е познато кога ќе се одржи средбата или телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател. Сепак, Доналд Трамп не губи време.
Тој ја повика Русија да „склучи договор“ за ставање крај на војната во Украина, ветувајќи дека во спротивно ќе ги заостри санкциите и царините против Москва.
„Да ставиме крај на оваа војна, која никогаш немаше да започне ако бев претседател! Можеме да го направиме тоа на лесен или потешки начин – а лесен начин е секогаш подобар. Време е да се договориме! Само ќе се влошuва ситуацијата, “, порача Трамп преку негоата социјалната мрежа theTruth.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласува дека конфликтот во Украина треба да се реши врз основа на сигурни правни гаранции и договори кои мора да содржат механизам за да се осигура дека тие нема да бидат прекршени.
Сепак, на патот до договор, двете страни размислуваат за нов воен потенцијал.
Претседателот Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос предупредува дека на Украина и се потребни околу милион војници за да се спротивстави на армијата од околу милион и пол руски војници.
„Њујорк тајмс“ наведува, повикувајќи се на висок претставник на американското Министерство за одбрана, дека Северна Кореја ќе испрати нова група војници во војна против Украина во следните два месеци.
Засега е извесно дека војната ќе продолжи, а дури и да се постигне договор и целосно да се отворат границите, 21 отсто од Украинците изјавиле дека би сакале да емигрираат. Причината, велат, е немањето можности за развој и последиците од војната.
Германскиот министер за одбрана, предупреди на можна закана од руски напад врз земјите-членки на НАТО до 2029 или 2030 година.
Според него, Русија најверојатно ќе ги зголеми своите вооружени сили на 1,5 милиони војници до 2026 година.
– Со оглед на растот на руската армија, постои теоретска можност Русија во 2029-2030 г. се обиде да ги нападне земјите на НАТО. „Затоа е особено важно да се обезбедат одбранбените способности на Алијансата до тој момент“, изјавил Писториус за литванските медиуми.
– Таму воената индустрија значително се развива, произведуваат голем број тенкови и авиони, што значи дека руските вооружени сили значително растат – предупредил Писториус.
Тој истакна дека воените експерти веруваат дека „Путин би можел да ги реорганизира своите вооружени сили до 2029/2030 година за да создаде соодветни услови за можен теоретски напад врз други земји“, вклучително и земјите од НАТО.
Целата анализа во видеото погоре во текстот.