ВИДЕО | Андоновиќ: Улична офанзива на антиваксерите

загреб протест антиваксери
Протест на антиваксери во Загреб / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Четвртиот бран на пандемијата и мерките за борба против коронавирусот се чини дека го потрошија трпението на граѓаните чии држави започнаа со воведување радикални мерки , пред сè на оние лица кои немаат примено вакцина против ковид.

Во Холандија, Белгија, Австрија и Хрватска изминатите денови имаше жестоки судири меѓу антиваксерите и полицијата Протестите се против владините планови да ја ограничи употребата на ковид-сертификати на луѓе кои го прележале вирусот или биле вакцинирани, со што се исклучуваат оние со негативен тест за вирусот.

Холандија минатиот викенд повторно воведе мерки за изолација за 17,5 милиони жители за три недели во обид да го забави повторното ширење на вирусот, но дневниот број на нови случаи на инфекција остана на највисоко ниво од почетокот на пандемијата.

Протести во Холандија против ковид-мерките
Демонстрациите, свикани од неколку организации, беа против плановите на владата да воведе здравствен сертификат поради зголемениот број случаи на коронавирус во Холандија / Фото: Фото: EPA-EFE/Killian Lindenburg/EPA-EFE/VLN NIEUWS

И Брисел личеше на вистинско бојно поле кога, според проценките на полицијата околу 30 илјади демонстранти се судрија со полицијата.

Демонстрациите, под мотото „Заедно за слобода“, главно беа насочени против мерката забрана за невакцинираните да пристапуваат до места како што се ресторани и барови.

Протести во Брисел
Протести во Брисел/ Фото OLIVIER MATTHYS / TANJUG/AP

Европа се бори со уште еден бран на корона-пандемијата, а неколку земји ги заострија мерките и покрај високиот степен на вакцинација на населението.

Австрија од полноќ е целосно „затворена“ поради тешката епидемиолошка состојба во која се наоѓа веќе две недели, во која имаше петцифрена бројка на новозаразени со вирусот.

На сила стапи забраната за напуштање на стан за сите граѓани цел ден, со цел драстично да се намалат контактите, а со тоа и ширењето на вирусот.

Виена, Австрија протест ковид-19 коронавирус
Илјадници луѓе се собраа во центарот на градот, на неколку локации, а најголемиот собир беше во Хелденплац, каде Слободарската партија на Австрија (ФПО) повика на протест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Граѓаните можат да излезат од дома само за да одат на работа, на училиште, на лекар, на вакцинација, тестирање, но и во продавница, за да им помогнат на другите членови на семејството, да снабдуваат животни. Исто така, за време на заклучувањето, граѓаните имаат можност да излезат надвор од станот на прошетка или на индивидуален спорт на отворено, но сами, односно само со членовите на семејството. Токму овие мерки ги изиритираа граѓаните, повеќето анти ваксери да излезат на протести во Виена и останатите австриски градови.

Трпението на граќаните низ неколку држави во Европа се чини дека при крај. Но се чини дека еден дел од нив и натаму одбива да се вакцинира, гледајќи во ова некаква теорија на заговор.

Видео на денот