ВИДЕО | Андоновиќ: Украинската војна се шири на руска територија?

Анализа со Дејан Андоновиќ/ Фото Слободен печат, ЕPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

По упадот на јуришните формации на вооружените организации против Кремљ, Руската легија на слободата и рускиот волонтерски корпус, руските власти итно иницираа евакуација на складиштето за нуклеарна муниција Белгород-22 во регионот Белгород, кој се граничи со Украина.

Ова го изјави портпаролот на Главната управа за разузнавачки работи на украинското Министерство за одбрана (ГУР), Андриј Јусов, кој изјави дека Русите го евакуираат и објектот Белгород-22 – складиште за нуклеарна муниција, кој се наоѓа недалеку од границата со Украина

Според портпаролот на ГУР, меѓу руското раководство се видливи „елементи на паника“ поради ситуацијата што се развива во регионот на Белгород. За тоа, според него особено сведочи евакуацијата на локалното население.

Медиумите претходно објавија видео од експлозиите што наводно одекнале во рускиот регион Белгород. Подоцна имаше информации и за присуство на руски „доброволци“ од Украина кои изведувале диверзија руска територија.

Одговорноста за овој напад ја презеде таканаречената Легија на слободата за Русија која преку социјалната мрежа Телеграм овие напади ги нарече апел до Русите со порака дека „Легијата се враќа дома“.

Станува збор за група која сака да го урне режимот во Москва и, како што велат, да ја ослободи земјата од владеењето на претседателот Владимир Путин. Тврдат дека ја преминале границата и ја окупирале населбата Козинка, а во исто време испратиле единици во градот Граиворон во Белгородската област. Групата, наводно, зазела четири села во близина на Белгород, а во самиот град владеела паника.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател бил информиран за наводниот обид за пробој на овие диверзантски групи. Тој ги нарече настаните во регионот на Белгород како саботажа со цел „да се одвлече вниманието од регионот Бахмут“ и големиот пораз кој го претрпела Украина.

Песков рече и дека руските сили работат на истребување на „саботерите“.

Овие две вооружени формации се борат на страната на Украина во војната со Русија, но Украина отфрли каква било поврзаност со овие руски партизански борци, велејќи дека тие дејствуваат независно и не се под воена контрола. Михаило Подољак, советник на началникот на кабинетот на украинскиот претседател, изјави дека Украина „нема никаква врска“ со настаните во регионот на Белгород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот