ВИДЕО | Андоновиќ: Украинците гаѓаа во длабочина од 1.500 километри на руска територијата, Севернокорејците се подготвуваат за напад
Властите на руската република Башкортостан соопштија дека украински беспилотни летала нападнале рафинерија за нафта лоцирана во оваа област. Украински дрон погоди рафинерија за нафта во градот Уфа во руската република Башкортостан во подножјето на Урал, планински венец што ги дели Европа и Азија.
Гувернерот на оваа република, Радиј Хабиров, објави дека три украински беспилотни летала паднале во реонот на нафтената рафинерија, при што еден од нив паднал врз самата фабрика, пишува kyivindependent.com.
⚡️Ukrainian drone strikes Russian oil refinery 1,500 km from border, Russian official claims.
A Ukrainian drone struck an oil refinery in the city of Ufa in Russia’s Bashkortostan Republic, the head of the republic, Radiy Khabirov, said on Oct. 31. https://t.co/LzO28yuVXb
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) October 31, 2024
„Дронот предизвика минимална штета и нема жртви“, изјави Хабиров.
Украинскиот сајт наведува дека сè уште не може да ги потврди овие тврдења на рускиот функционер бидејќи властите во Киев не го коментирале овој напад.
A drone attacked the Bashneft-Ufaneftekhim refinery in Ufa, Russia.
It is almost 1500 km from the Ukrainian border pic.twitter.com/FFYx2WsRPr
— Bösartiger Fella ⚜️🔱 (@20gimsack) October 31, 2024
Овој инцидент е втор случај од почетокот на руската инвазија, кога украинските беспилотни летала гаѓаат објекти во Башкортостан, кој се наоѓа на околу 1.500 километри од границата со Украина во длабочина на руска територија.
🇷🇺🔥 Several explosions are said to have occurred in Ufa, Russia, following activities in the air. What exactly happened and what was hit is still unclear. A news blackout has been imposed.
The city, located almost 1300 km behind the contact line, contains numerous military… pic.twitter.com/rlSOptTr3G
— Barong (@Barong369) October 31, 2024
Во мај оваа година, според Киев индипендент, украински дрон со долг дострел ја нападнал нафтената рафинерија „Гаспром Нефтекхим“ во градот Салават во истата република.
Нападите длабоко во руска територија би можеле да бидат увертира за почеток на серија удари на Украинците врз цели длабоко на територијата на Русија.
САД и Западот најавија дека ќе ги укинат забраните за користење на западното оружје од страна на Украинците кои досега не смееја западната воена помош да ја користат за напади врз руска територија.
Но, откако и официјално беше утврдено дека 12 илјади севрнокорејски војници од руска страна се подготвуваат да ја нападнат Украина, САД и сојузниците најавија дека ќе ги укинат рестрикциите за користење на проектилите со долг дострел, односно украинската армија ќе може да стрела во длабочина на руска територија.
Доколку ова се случи, многумина стравуваат каков ќе биде одговорот на Москва, која не исклучува одмзнички напади и врз други цели вон Украина.